Добредојдовте | Welcome
Кога традицијата и современоста ќе се сретнат на традиционалните корени на првата слободна територија и првото училиште на мајчин јазик на таа територија, Дебрца, опстојува и чекори напред, ОУ „Дебрца“ с. Белчишта со сите свои подрачни училишта и подарачни паралелки. А нив ги има во единаесет села на територијата на општина Дебарца. ОУ Дебрца е современо училиште со визија, на сите да им пружи еднакви можности, да воспитува личности кои ќе бидат подготвени за живот во 21 век.
Новости
Нашето основно училиште во село Белчишта, беше посетено од градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски. Тој беше примен од Директорот на училиштето Весна Шопоска и заедно со училишниот педагог, ги посетија училишната библиотека, како и училниците, каде што учат нашите ученици. Градоначалникот посебно истакна и... читај повеќе
Основците во Белчишта заедно со одееленските-класните раководители, ја реализираа акцијата „Садница плус“ како дел од пролетната акција Ден на дрвото. Со акцијата „Садница плус“ се засади семенски материјал-желад. Се позачестените вакви акции придонесуваат, децата да се грижат за тоа на што му подаруваат живот, непосредно... читај повеќе
Учениците од одделенска настава од ОУ„ Дебрца“ од с.Белчишта, предводени од одделенските раководители, беа во посета на Општина Дебрца. Учениците кои учат во село Белчишта, предводени од одделенските раководители Ирена Протугер и Роза Филипоска, заедно со училишниот педагог ја посетија општина Дебрца. Децата посебно се... читај повеќе
Семејството Танески, во чест на својот починат татко Младен Танески, кој е од село Белчишта, денес беа во посета на училишната библиотека при ОУ Дебрца во с.Белчишта, каде донираа книги-лектирни изданија за учениците, во соработка со Црвен крст-Охрид. Претставник од Црвениот крст од Охрид, во... читај повеќе
Проектот Е-Дневник на МОН кој стартуваше пред 2 години, од пред скоро време го опфати и нашето училиште. Во Е-Дневникот се вклучени повеќе учесници со различни нивоа на пристап, каде што крајната цел е брзо и што поедноставно водење на Е-Дневник од страна на наставниците... читај повеќе
Да се испочитуваат 100 години од раѓањето на еден основоположник на современата македонска литература е чин на испочитување на сопствената генеза, кауза, историја, достоинство… Ванчо Николески е роден во село Црвена Вода – Дебарца, Охридско. Основно училиште завршува во родното село, гимназија во Охрид а... читај повеќе