За организирано остварување на интересите на учениците во основното училиште од родителите на учениците се формира совет на родители на училиштето.

Во советот на родители има по еден претставник од секоја паралелка којшто го избираат родителите на родителскиот состанок на паралелката.

Првото свикување на советот на родители го врши директорот на училиштето.

Советот на родители:

  •  – дава мислење за предлогот на програмата за развој на основното училиште и за годишната програма за работа,
  •  – расправа за извештајот за работата на училиштето,
  •  – предлага програми за подобрување на стандардите за наставата,
  • – дава согласност на предлозите на директорот за воведување повисоки стандарди,
  •  – разгледува жалби на родителите во врска со воспитно-образовната работа,
  • – избира претставници во училишниот одбор на основното училиште и
  • – врши други работи утврдени со статутот на училиштето.