Стручни органи на основното училиште се наставничкиот совет на основното училиште, советот на одделенските наставници, советот на предметните наставници, одделенскиот раководител, раководителот на паралелката и стручните активи на наставниците.

Наставничкиот совет на основното училиште го сочинуваат одделенските и предметните наставници и стручните соработници на училиштето. Наставничкиот совет го свикува и со него претседава директорот.

Наставничкиот совет на основното училиште:

  • -дава мислења по предлогот на прогамата за развој и на годишната програма за работа и го следи нејзиното извршување,
  • – го разгледува и утврдува успехот на учениците и работата на други стручни органи,
  • – им одобрува на учениците побрзо напредување во основното училиште,
  • – го разгледува остварувањето на наставниот план и програмите и презема мерки за нивно извршување,
  • – донесува одлуки по приговори на учениците за утврдени оценки,
  • – го разгледува извештајот од реализација на годишната програма за работа, од самоевалуација, од извршената интегрална евалуација и предлага соодветни мерки,
  •  – расправа и одлучува за стручни прашања поврзани со воспитно-образовната работа,
  •  – дава мислење за годишниот финансиски план на училиштето,
  • – избира претставници во училишниот одбор,
  • – дава мислење за планирањето, реализацијата и вреднувањето на постигањата во наставата и учењето,
  • – го усвојува интерниот распоред за екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците,
  •  – го разгледува годишниот извештај за работа на наставниците и стручните соработници и Националниот извештај за работа на наставниците и стручните соработници и предлага соодветни мерки,
  • – дава предлози за напредување на наставниците и стручните соработници на училиштето,
  •  – одлучува за воспитни мерки и – врши и други работи утврдени во статутот на училиштето.

 

Советот на одделенските наставници го сочинуваат одделенските наставници, предметните наставници кои се вклучуваат во реализацијата на наставата од прво до петто одделение и стручните соработници на училиштето.

Советот на одделенските наставници ги разгледува годишната програма за работа и планирањето на наставата, воспитно-образовните проблеми по одделенија, подготвува програма за работа со талентираните ученици, односно за учениците кои потешко напредуваат, предлага и одлучува за воспитните мерки и врши други работи утврдени во статутот на училиштето.

Советот на предметните наставници го сочинуваат предметните наставници што ја изведуваат наставата од шесто до деветто одделение и стручните соработници на училиштето.

Советот на предметните наставници ги разгледува годишната програма за работа и планирањето на наставата, воспитно-образовните проблеми по одделенија, подготвува програма за работа со талентираните ученици, односно со оние кои потешко напредуваат, одлучува за воспитните мерки и врши други работи утврдени во статутот на училиштето. Одделенскиот, односно раководителот на паралелката ја остварува програмата за часот на одделенската заедница, ги анализира воспитните и наставните резултати на одделението, се грижи за решавање на воспитните и наставните проблеми на одделни ученици, соработува со родителите и стручните соработници на училиштето, предлага и одлучува за воспитните мерки и врши други работи утврдени во статутот на училиштето.