Нa покана на наставничката по германски јазик Билјана Бибоска Стојкоски,нашите ученици и колеги имааа  исклучителна чест  да поразговараат  со госпоѓa Kатрин Фриинсфелд, културно аташе во амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.

Темата на разговор овој пат беше поттикната од изучувањето на германскиот јазик во училиштето  и нејзините  гледишта за понатамошна  напредна импликација на овој предмет во наставата.

Госпоѓа  Kатрин Фриинсфелд   имаше можност да види како учениците го практицираат германскиот јазик.   Имено дел од ученицте од  6 и 7 одделение заедно со училишниот  оркестар под менторство на наставничката по музичко образование, Светлана Богданоска се претставија со песничка на германски јазик.

На општо задоволство беше примена донација од книги и дидактички материјали за јазичното кашче во училиштето, со цел зголемување на библиотечниот фонд.

Исто така прочитајте и за:

Белчишко блато – настан
Белчишко блато – настан
Донација на чанти и училишен прибор за првачињата
Одбележан денот на пролетта