Нашето училиште аплицираше за добивање на донација од Австралиската амбасада во Белград преку DAP програмата, во износ од 1423AUD, со цел да се збогати со библиотека со литература на англиски јазик и помагала кои ќе го збогатат и олеснат процесот на учење на овој странски јазик. Донацијата беше поддржана од градоначалникот на Дебрца, г-нот Игор Трајкоски, а во најголем степен помогната од страна на македонскиот конзул во Австралија, почитуваниот Зоран Ќосески и почитуваната амбасадорка Juliа Feeney. Реализацијата на овој проект, како и целосно негово осмислување се должи на заложбите на наставничката по англиски јазик, Наташа Мироска Ламбески, во координација со наставничката Љупка Јакимоска.
Преку оваа донација, нашето училиште ќе се здобие со мултимедијална библиотека, многубројни книги на англиски јазик, сликовници, видео и аудио материјали, речници, постери, и најразлична техника за остварување на образовниот процес.
Благодарение на оваа донација, учениците ќе бидат во можност преку игра, групна работа, презентации, и проекции, непосредно да се среќаваат и да го прифатат англискиот јазик на полесен начин.

Исто така прочитајте и за:

Во посета на нашето училиште
Белчишко блато – настан
Белчишко блато – настан
Донација на чанти и училишен прибор за првачињата