На ден 19.09.2017 се одржа настан кој е во рамките на проектот Белчишко Блато во нашите срца, кој го финансира Регионалниот еколошки центар (РЕЦ), а го реализираат еколошкото друштво Грашница и Општина Дебрца. Една од активностите беше Биоблиц настан кој имаше за цел да ја подгине свеста на учениците од вишите одделенија, 8-мо и 9-то за флората и фауната која езгистира во Белчишко Блато. Биоблиц настанот се реализира со претходна подготовка: секој ученик требаше на својот мобилен телефон да инсталира апликација:http://www.inaturalist.org/

Потоа со група од 10-тина ученици од 8-мо и 9-то и волонтери од ЕД Грашница се посети блатото од страна на Ново Село и секој ученик направи 4-5 фотографии од растителни и/или животински видови. Потоа фотографиите се пратија преку апликацијата од телефонот и се чека извесен период да се идентификуваат фотографираните видови. За помош во идентификација еколошкото друштво Грашница ќе го контактира Македонско еколошко друштво (МЕД) кои ќе помогнат. Настанот траееше околу 3 часа.

Исто така прочитајте и за:

Во посета на нашето училиште
Донација на чанти и училишен прибор за првачињата
Одбележан денот на пролетта