Последната работилница од проектот “Градиме мостови” –ОБСЕ- Мисија во Скопје, се одржа во ОУ “Ашим Агуши” с. Радолишта Струга, во присуство на повеќе од 20 ученици, директорите на сите училишта вклучени во проектот, претставници од ОБСЕ, како и наставници кои помагаа во реализација на предвидените активности. На различноста треба да се гледа како на богатство-така ни порачуваа учениците за време на сите работилници кои се реализираа изминатиов период. Новите генерации градат нови мостови еден кон друг. На нашето училиште, како корисник на грант од фондот “Градиме мостови” му беа доделени финансиски средства за реализирање на активности наменети за учениците , но со дел од средствата се обезбедија и наставни средства и помагала со цел подобрување на наставниот процес како во предметна, така и во одделенска настава. Тимот на проектот им се заблагодарува на сите наставници кои активно се вклучија за подобра реализација на истиот.

Исто така прочитајте и за:

Во посета на нашето училиште
Белчишко блато – настан
Белчишко блато – настан
Донација на чанти и училишен прибор за првачињата