Во учебната 2018/19 и 2019/20 година нашето училиште е дел од проектот на Еразмус + програмата Play 2 Adapt заедно со основни училишта од Турција, Шпанија, Грција и Португалија. Првата мобилност
се одржа во декември 2018 година во Невшехир, Турција каде учествуваа ученици и наставници од нашето училиште. Во мај 2019 нашето училиште О.У. Дебрца беше домаќин на втората мобилност од проектот кога бевме домаќини на наставниците и учениците од Турција, Шпанија, Грција и Португалија. Во рамките на мобилноста во нашето училиште беа реализирани работните активности од проектот како и работилници, забавна програма, дегустација на локални специјалитети… Гостите беа примени и од градоначалникот на општина Дебрца, г-дин Зоран Ногачески кој ги запозна со природните богатства и културно наследство на Дебрца. За гостите беа организирани и три екскурзии со цел да се запознаат со природните богатства и дел од богатото културно наследство на Македонија. Во текот на оваа учебна година ученици од нашето училиште како и наставниците реализатори на проектот Соња Г. Љуљкова, Далиборка С. Симоновска и Павлина Г. Палоска ќе реализираат уште три мобилности. Целта на проектот Play2Adapt е преку универзалниот јазик на игрите да се интегрираат маргинализираните групи и малцинства во училишната заедница и општеството воопшто.

Активностите на сите земји учеснички е опфатен во блог кој што може да го посетите на следниот линк:

Исто така прочитајте и за:

Донација на чанти и училишен прибор за првачињата
Посета на библиотека на тркала
Проект – „Градиме Мостови“