Проектот Е-Дневник на МОН кој стартуваше пред 2 години, од пред скоро време го опфати и нашето училиште. Во Е-Дневникот се вклучени повеќе учесници со различни нивоа на пристап, каде што крајната цел е брзо и што поедноставно водење на Е-Дневник од страна на наставниците и во секое време брз и едноставен и транспарентен увид на родителите/старателите за своите деца.

Во нашето училиште во периодот што одминуваше, наставниците напорно работеа и ги оспособија електронските дневници за непречено користење  како за наставниците, така и за родителите.

Со тоа ве известуваме дека нашето училиште му овозможува пристап во Е-Дневникот на секој родител/старател, каде што неговото дете е ученик во нашето училиште.

Со вашиот пристап во Е-Дневникот ги добивате следните податоци за вашето дете:

  • Распоред на часови
  • Наставните единици од секој час
  • Изостаноци на ученикот по месеци како и забелешки од одделенскиот раководител
  • Оценки по предмети
  • Наставници по предмети

Ако вашето дете е ученик во нашето училиште и сакате да имате пристап во Е-Дневникот треба да го направите следното:

  1. Да му доставите ваша активна E-mail адреса на одделенскиот раководител на вашето дете.
  2. Откако одделенскиот раководител на вашето дете ќе ја активира вашиот кориснички профил, на вашата E-mail адреса ќе ви пристигне порака со вештачки генерирана лозинка.
  3. Потоа одите на веб-страната ednevnik.edu.mk кликнувате горе десно (НАЈАВЕТЕСЕ НА Е-ДНЕВНИК) во празните полиња во делот „Корисничко име“ ќе ја внесете вашата Е-mail адреса, а во делот кај лозинката ќе ја внесете вештачко генерираната лозинка примена претходно во пораката. (Подоцна можете да ја смените)
  4. Кликнувате на „Најави се“

 

Кликнете тука за да ги видите често поставувани прашања од родителите

– По ваша желба можете да активирате да добивате известувања за вашето дете по Е-mail порака или преку SMS порака.

За повеќе упатства како да го користите посетете ја ednevnik.edu.mk

Исто така прочитајте и за:

Донација на чанти и училишен прибор за првачињата
Посета на библиотека на тркала
Проект – „Градиме Мостови“