Денес заврши втората едуконференција за наставници и информатичари 2016, во организација на  здружението „Пријатели на образованието“ на која учество зедоа и дел од нашите вработени.

Конференцијата се одржa од 1 до 3 април 2016 година во просториите на хотел „Дрим“ Струга  истата беше наменета за  наставници, студенти, идни-наставници, и за сите оние кои се занимаваат со образование со една единствена цел да  помогне во развивањето  и  подобрувањето  на  организациските, комуникативните, методолошките и дидактичките вештини.
На Едуконференцијата за наставници и информатичари 2016  беа презентирани  примери од наставата кои се потврдени како ефективни, корисни и интересни. Исто така  на оваа II втора Едуконференција се  дискутираше на многу теми од интерес за професорскиот професионален развој. Учесниците имаа  можност  да следат  предавања  на експертите од земјата и странство, кои се истакнати и афирмирани во  педагошките и информатичките сфери.

10933851_695890223860388_5397618621801054217_n 12932814_1148860231832829_6879914018065285030_n12932785_926533007462774_8053707806592555038_n

Исто така прочитајте и за:

PLAY2ADAPT | ERASMUS+ PROJECT
Донација на чанти и училишен прибор за првачињата
Посета на библиотека на тркала