Согласно Законот за основно образование (Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14 и 10/15 член 46 ) ОУ„Дебрца“ с. Белчишта објавува

 

О Г Л А С

за зaпишување на ученици во прво одделение за учебнaта 2016/17 година

 

  1. Децата во прво одделение во основното училиште се запишуваат во текот на месец мај и тоа: од 03 до 31 Мај 2016 година секој работен ден од 08:00 часот до 13:00 часот во просторите на училиштето во с. Белчишта.
  2. При запишувањето на детето во прво одделение родителот треба да достави:
  • Фотокопија од извод од матичната книга на родените
  • Медицинска потврда од матичен лекар дека детето е систематски прегледано
  • Медицинска потврда од матичен стоматолог
  • Потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа.
  1. Право на запишување имаат децата родени во 2010 година и оние кои се родиле до 31 Јануари 2011 година.
  2. За времето на уписот ќе добиете покана или ќе бидете исконтактирани од страна на училишниот психолог за набљудувањето кое го спроведува училиштето.

 

 

 

Директор

Иван Димоски

 

Исто така прочитајте и за:

ЈАВЕН ОГЛАС – за пополнување на слободни работни места
ЈАВЕН ОГЛАС – за пополнување на слободни работни места
ЈАВЕН ОГЛАС – за пополнување на слободни работни места
ЈАВЕН ОГЛАС – за пополнување на слободни работни места
ОГЛАС за запишување на ученици во I одделение учебна 2018/19