ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ФОТО-КОНКУРС И ИЗЛОЖБА НА ТЕМА: ЕКОФОТОГРАФИЈА

Почитувани ученици – млади фотографи, професори!
Ве известуваме дека Македонското еколошко друштво во периодот од 19-22 октомври, 2016 година ќе го организира 5 Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество. По овој повод, МЕД ги поканува учениците од основните училишта во Република Македонија, да учествуваат на Конгресот преку вклучување на фото-конкурс со фотографии на тема: Екофотографија.
Бидете и Вие дел од нашата акција – да ја овековечиме прекрасната природа и нашите природни убавини! Очекуваме да ни ги испратите најубавите, најинтересните и највпечатливите екофотографии од природа, интересни растенија или животни кои се дел од нашата држава!
На конкурсот може да учествуваат сите заинтересирани ученици со максимум три фотографии. Учеството опфаќа изработка на дигитални фотографии во боја, чие печатење треба да биде со димензии 13×9 цм или 21×15цм. На задната страна на секоја од фотографиите со печатни букви треба да ги напишете вашите податоци: име, одделение, возраст (години), име и адреса на училиштето, е-маил адреса (доколку постои), име на фотографијата и име и презиме на менторот – наставникот. Пожелно е исто така, да содржи и детален опис за фотографијата: датум кога била фотографирана, вид доколку се работи за животно, растение или габа (доколку е возможно), локација (регион, живеалиште, природен резерват итн.).
Фотографиите треба да бидат испратени најдоцна до 15.09.2016 година на следнава адреса:
Македонско еколошко друштво – МЕД
(за изложба екофотографија)
Ул. „Владимир Назор“ бр. 10,
1000-Скопје
Сите фотографии кои ќе пристигнат на нашата адреса, ќе бидат изложени во текот на Конгресот. Учесниците на Конгресот од изложените екофотографии, ќе одберат најдобри четири фотографии, чии автори ќе се стекнат со признание „млад еколог” и ќе добијат симболична награда.

Исто така прочитајте и за:

ЈАВЕН ОГЛАС – за пополнување на слободни работни места
ЈАВЕН ОГЛАС – за пополнување на слободни работни места
ЈАВЕН ОГЛАС – за пополнување на слободни работни места
ЈАВЕН ОГЛАС – за пополнување на слободни работни места
ОГЛАС за запишување на ученици во I одделение учебна 2018/19